Истражителите на Светската здравствена организација (СЗО), кои неодамна ја посетија Кина за да го отврдат потеклото на појавата на ковид-19, нема да го објават извештајот со нивните откритија, објави „Вол стрит џурнал“.
Според објавениот текст, тимот на СЗО одлучил да не го објави извештајот поради „зголемените тензии меѓу Пекинг и Вашингтон“.
Друга меѓународна група на научници ја повика СЗО да направи нова истрага за потеклото на ковид.
Овие научници велат дека тимот на СЗО „немал мандат, независност, и неопходниот пристап за да направи целосна и нелимитирана истрага“.
Тие, исто така, забележуваат дека истражителите на СЗО во Кина биле придружувани од нивните кинески колеги.
Според податоците на Универзитетот Џонс Хопкинс, заклучно со денес, регистрирани се над 115 милиони заразени со коронавирус на глобално ниво.
САД остануваат први во светот со речиси 29 милиони заразени, по кои доаѓаат Индија со 11 милиони, и Бразил со 10,7 милиони.
Facebook Forum