Линкови за пристапност

Вакцинираните лица нема да треба да се изолираат ако дојдат во контакт со заразен, велат новите препораки


Ќе има олеснување на рестриктивните мерки за оние што ќе се вакцинираат, најави доктор Ентони Фаучи во интервју за Си-ен-ен

Директорот на Националниот институт за алергија и заразни болести на САД Ентони Фаучи, вели дека наскоро ќе има нови препораки за вакцинираните лица, кои ги подготвуваат Центрите за контрола и превенција на болести.

„Верувам дека ќе слушате повеќе за тоа дека ќе можете да ги олесните рестрикциите за некои работи, конкретно кога се работи лично за вашето семејство, штом лицата ќе се вакцинираат“, рече Фаучи за Си-ен-ен.

Некои промени за оние што се вакцинирани веќе се објавени. На пример, вакцинираните лица не треба да се изолираат доколку дојдат во контакт со заразено лице.

Според извештатите на Си-ен-би-си, снабдувањето со вакцини се очекува да се зголемува, како што производителите ќе го зголемуваат производството.

Од компанијата „Фајзер“ изјавија дека планираат двојно да ја зголемат испораката до 13 милиони дози неделно до средината на март.

„Модерна“ се надева да испорача 40 милиони дози месечно до април.

Снабдувањето може да се зголеми уште повеќе со вакцината на „Џонсон енд Џонсон“, која се очекува да биде разгледана в четврток.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG