Линкови за пристапност

Директорот на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус рече дека е разочаран оти Кина не дозволила меѓународна истрага на потеклото на ковид-19


Кинеското министерство за надворешни работи, пак,рече дека се работи за недоразбирање, и оти двете страни се` уште преговараат за тоа

Кина рече дека преговара со Светската здравствена организација (СЗО) околу крајните подготовки за тим на меѓународни експерти да влезе во државата и да го истражува потеклото на пандемијата на ковид-19.

Сепак, генералниот директор на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус рече дека бил разочаран оти Пекинг одбил да даде крајна дозвола за истражувачиот тим, чиј членови веќе почнале да патуваат во Вухан, каде вирусот беше откриен во декември 2019 година.

Кинеското министерство за надворешни работи, пак, рече дека се работи за недоразбирање, и оти двете страни се` уште преговарале за конкретни датуми и други подготовки за меѓународниот тим.

Во меѓувреме, бројот на заразени се зголемува. Заклучно со вчера, САД регистрираа рекорден број на смртни случаи во еден ден, односно 3.775, според податоците на Универзитетот Џонс Хопкинс.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG