Линкови за пристапност

Британија најави затворање на школи и повика граѓаните да седат дома најмалку до средина на февруари


Ваквата најава доаѓа откако британските здравствени официјални лица потврдија нов сој на коронавирус кој е многу позаразен од оригиналниот

Многу здравствени лица во Британија и САД веќе ја примија вакцината на „Фајзер“, иако вакцинирањето се одвива побавно од планираното поради бирократски и логистички препреки.

Британскиот премиер Борис Џонсон најави ново затворање низ државата, вклучувајќи училишта и несуштински бизниси.

Џоносн рече дека луѓето мора да седат дома најмалку до средина на февруари, велејќи дека болниците се преоптоварени како никогаш досега од почетокот на пандемијата.

Ваквата најава доаѓа откако британските здравствени официјални лица потврдија нов сој на коронавирус, кој, докторите велат дека е многу позаразен од оригиналниот.

Гувернерот на Њујорк Ендрју Куомо потврди еден случај на заразен со новиот сој на коронавирус, кој не патувал неодамна. Ваквиот сој на коронавирус досега е откриен во Калифорнија, Колорадо и Флорида, заедно со повеќе од 30 други држави.

Мексико, пак, ја одобри вакцината против ковид-19 развиена од фармацевтскиот гигант „АстраЗенека“ и Универзитетот Оксфорд.

Министерот за надворешни работи Марсело Ебрард веста ја најави на Твитер, додавајќи дека производството ќе почне многу брзо во Мексико.

Вакцината на „АстраЗенека“ и вакцината на Фајзер-Бионтек се единствените кои досега се одобрени од Мекико Сити.

Подоцнежните клинички тестирања на вакцината на „АстраЗенека“ покажуваат 70 отсто ефикасност против ковид-19. За разлика од вакцината на „Фајзер“, која треба да се чува на минус 70 Целзиусови степени, новоодобрената вакцина може да се складира на нормална температура од два до осум Целзиусови степени, што ја прави полесна за транспорт во посиромашните и отцепени држави.

Според Универзитетот Џонс Хопкинс, досега на глобално ниво има повеќе од 1,8 милиони смртни слуаи, додека САД се први во светот со 20,6 милиони заразени и 350.000 смртни случаи заклучно со вчера.

Експертите велат дека најлошто допрва доаѓа, предвидувајќи раст на бројот на заразени по празниците.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG