Линкови за пристапност

САД со нови над 180.000 заразени, се очекува бројката да расте по Денот на благодарноста


Австралиската држава Викторија, пак, 28 дена по ред нема регистрирано нов случај на коронавирус

САД регистрираа повеќе од 181.000 заразени заклучно со вчера, и речиси 2.300 смртни случаи како последица на пандемијата.

Речиси 90.500 лица биле хоспитализирани, а постои загриженост дека собирањето за Денот на благодарноста би можело да доведе до уште поголем број на заразени и хоспитализирани.

Официјалните лица во повеќе сојузни држави воведоа мерки да се спречи ширењето на вирусот.

Во меѓувреме, втората најголема австралиска држава Викторија, 28 дена по ред, нема регистрирано нов случај на коронавирус, соопштија денес официјалните здравствени лица.

Во Латинска Америка, пак, бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, рече дека би одбил вакцина против коронавирус.

„Нема да ја примам. Тоа е мое право“, рече тој.

Бразил има повеќе од шест милиони случаи на коронавирус, најпогодена држава, веднаш зад САД и Индија, според Универзитетот Џонс Хопкинс.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG