ВАШИНГТОН —
Британскиот фармацевтски производител АстраЗенека соработува со владините регулатори во истрагата за грешка при производството на експерименталната вакцина против ковид-19.
Компанијата АстраЗенека и Универзитетот Оксфорд признаа дека помалата доза на вакцината делувала подобро отколку целата доза, изјави портпаролот, откако компанијата најави дека е веројатно натамошно глобално тестирање.
Изјавата доаѓа во време кога компанијата се подготви да обезбеди привремено снабдување на лекот, пред плановите за дистрибуција на четири милиони дози од вакцината до крајот на годината.
Facebook Forum