Бројот на починати на глобално ниво како последица на коронавирусот надмина 1,2 милиони лица, соопшти универзитетот Џонс Хопкинс.
Европа влезе во втор бран на заразата, каде бројни држави, меѓу кои Белгија, Британија, Франција и Германија, воведуваат нови карантини, со цел да се спречи ширењето на вирусот.
Директорот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус, вчера најави дека ќе се самоизолира откако бил во контакт со лице кое било тестирано пизитивно на вирусот.
„Од критично значење е сите да се придржуваме до здравствените препораки“, напиша тој на Твитер, велејќи дека се чувствува добро, додавајќи:
„На тој начин ќе ја спречиме трансмисијата на ковид-19, и ќе ги заштитиме здравствените системи“.
И британскиот принц Вилијам бил еден од десете милиони случаи на коронавирус во Европа, според медиумот „Сандеј“. 38-годишниот принц наводно бил дијагностициран во април, недели откако неговиот татко, принцот Чарлс, најави дека ќе се самоизолира поради благи симптоми на вирусот.
Од друга страна, Австралија во саботата објави дека нема ниту еден нов случај на коронавирус, првпат по пет месеци.
Facebook Forum