Линкови за пристапност

Администрацијата на Трамп рече дека ќе осигура секој да прими вакцина против ковид-19 бесплатно


Зголемувањето на бројот на заразени во светот ги принудува лидерите да воведуваат нови рестриктивни мерки, вклучувајќи и карантин

Над 45 милиони заразени со коронавирус, заклучно со денес, се регистрирани во светски рамки, вклучувајќи преку 1,18 милиони смртни случаи.

Индија достигна над осум милиони, веднаш зад САД кои имаат 8,94 милиони заразени.

Како што продолжуваат напорите за безбедна и ефективна вакцина, администрацијата на претседателот Доналд Трамп рече дека ќе осигура секој во САД да се вакцинира бесплатно.

Зголемувањето на бројот на заразени во светот ги принудува лидерите да воведуваат нови рестриктивни мерки, вклучувајќи и карантин за да се спречи ширењето на заразата.

Британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб, во интервју за Би-би-си, рече дека националниот карантин не е неизбежен со цел да се спречи ширењето на вирусот, додавајќи дека локализиран пристап би бил ефективен, ако правилата во секој регион се разгледаат темелно.

Франција и Германија на почетокот на неделава најавија нови карантини, кој во Франција почнува од денес.

Покрај овие две држави, уште неколку други држави беа принудени да воведат нови рестриктивни мерки да се справат со вториот бран на вирусот, како што доаѓаат зимските месеци.

Украина регистрираше рекордни 8,312 нови случаи на коронавирус изминативе 24 часа, додека Јапонија изјави дека бројот на заразени таму достигнал 100.000. Оваа држава има над 1,700 смртни случаи како последица на вирусот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG