Здравствената регулаторна агенција на Бразил Анвиса соопшти дека починал волонтер кој учествувал во подоцнежно клиничко тестирање на вакцина против ковид-19, развиена од фармацевтскиот гигант „АстраЗенека“. Оттаму не кажаа повеќе детали за случајот.
Тој бил еден од 8.000 волонтери кој, или примил вакцина, или плацебо. Бидејќи тестирањето не е стопирано, извори велат дека волонтерот веројатно бил дел од контролната група која примила плацебо.
Компанијата минатиот месец привремено го стопираше тестирањето, откако волонтер во Британија беше дијагностициран со `рбетно воспаление откако примил втора доза на вакцина.
Оттогаш тестирањето продолжи во Британија, Бразил, Индија и Јужна Африка, додека во САД се` уште е стопирано.
Facebook Forum