Ново истражување на Центрите за контрола и превенција на болести во САД покажува дека речиси уште 300.000 луѓе починале од крајот на јануари до почетокот на октомври, од кои две третини како последица на коронавирусот. Оттаму велат дека оваа бројка не била регистрирана во официјалните податоци за починати.
Во истражувањето се вели дека останатите смртни случаи се последица на други причини.
Центрите за контрола и превенција на болести велат дека дополнителните смртни случаи кај лицата на возраст од 25 до 44 години се зголемиле за 26,5 проценти во овој период, што претставува најголемо зголемување од која било друга возрасна група.
Новите податоци покажуваат дека висок процент од овие смртни случаи е меѓу Латионамериканците, кај кои е регистрирано зголемување за 56 проценти, додека кај Афроамериканците зголемувањето е за 33 отсто.
Бројот на смртни случаи кај белите Американци, пак, е зголемен многу помалку, односно 12 отсто.
САД официјално се први во светот според бројот на смртни случаи како последица на коронавирусот, односно повеќе од 221.000 лица, објави универзитетот Џонс Хопкинс.
Facebook Forum