Бројот на случаи на коронавирус во САД продолжува да расте во речиси секоја сојузна држава, објави Ројтерс. Според извештајот, бројот на нови случаи изминатава недела се зголемил за 13 проценти или повеќе од 393.000, слично како во летните месеци, кога имаше најголем број заразени.
Аргентина, пак, стана петта држава во светот со повеќе од еден милион потврдени слуачи на ковид-19.
Според податоците на универзитетот Џонс Хопкинс, оваа јужноамериканска држава има 1, 002, 662 заразени и над 26 илјади смртни случаи.
Таа се наоѓа веднаш за САД со 8,2 милиони заразени, Индија со 7,5 заразени, Бразил со 5,2 милиони случаи и Русија со 1,4 милион заразни лица.
Вкупниот број на заразени со светот сега изнесува повеќе од 40 милиони, вклучувајќи 1,1 милион смртни случаи.
Европската комисија лансираше систем во ЕУ за да се поврзе со апликации за следење на случаи на ковид-19, почнувајќи во Германија, Италија и Ирска.
Facebook Forum