Светската здравствена организација (СЗО) вели дека младите и здравите можеби ќе треба да чекаат за вакцина против ковид-19 до 2022 година.
СЗО рече дека здравствените власти најверојатно ќе им дадат приоритет на здравствените работници, полицијата, лицата кои одговараат при итни ситуации, па потоа на постарите.
Организацијата се надева дека би имало најмалку една безбедна и ефективна вакцина до 2021 година, но, нагласува дека таа би била достапна во ограничени количини.
Над 170 потенцијални вакцини против ковид-19 во моментов се наоаѓаат во различни фази на тестирање во светот, меѓу кои 10 влегоа во последна фаза на тестирање.
Facebook Forum