Американскиот фармацевтски гигант „Џонсон енд Џонсон“ привремено ги стопираше клиничките тестирања на вакцината против ковид-19, откако учесник во тестирањата бил дијагностициран со необјаснива болест.
Компанијата изјави дека случаи на болести и инциденти се очекуван дел од клиничките истражувања, особено кога има голем број на волонтери.
„Џонсон енд Џонсон“ само што почна со големи тестирања на експерименталната вакцина. Тестирањето вклучува 60.000 волонтери низ повеќе од 200 локации во САД, како и во Аргентина, Бразил, Чиле, Мексико и во Јужна Африка.
Бидејќи може да се дава само една доза, вакцината на „Џонсон енд Џонсон“ има значителни предности пред другите три потенцијални вакцини, кои ќе треба да се администрираат во две дози.
Facebook Forum