Владата на Шпанија издаде наредби за карантин во Мадрид поради зголемување на бројот на случаи на коронавирус.
Жителите на главниот град нема да можат да излезат од дома, освен за работа, школо, продавница или лекар.
Сите кафулиња и ресторани ќе мора да затворат порано од вообичаеното работно време, како и да го намалат капацитетот на гости за 50 проценти.
Европа се соочува со зголемување на бројот на заразени, додека Шпанија е прва со околу 300 заразени на 100.000 жители.
Стапката е двојно поголема во регионот на Мадрид, каде има околу 780 заразени на 100.000 лица.
Регионалната влада на Мадрид ги одби новите рестрикции, заедно со Каталонија и три други региони со конзервативно лидерство.
Бројот на смртни слуачи во Шпанија изнесува повеќе од 31.000, што ја прави четврта најпогодена држава во Европа, зад Британија, Италија и Франција.
Facebook Forum