Линкови за пристапност

Над 30 милиони заразени во светот


Светската здравствена организација предупреди дека коронавирусот почнал алармантнно да се шири низ Европа, што би требало да биде повик за будење на европските влади

Повеќе од 30 милиони заразени со ковид-19 и речиси 950.000 смртни случаи во светот се регистрирани заклучно со денес, објави истражувачкиот центар за коронавирус на Универзитетот Џонс Хопкинс.

САД имаат најмногу случаи или 6,6 милиони, зад кои следат Индија со 5,1 милион случаи и Бразил со 4,4 милиони заразени.

Светската здравствена организација (СЗО), предупреди дека коронавирусот почнал алармантнно да се шири низ Европа, што би требало да биде повик за будење на европските влади.

Податоците покажуваат дека вирусот најмногу се шири кај лица на возраст од 25 до 49 години, но, СЗО вели дека бројот на заразени се зголемува и кај постарите луѓе.

СЗО, исто така, ги предупреди европските држави против скратување на периодот на карантин, повикувајќи ги да усвојат јасна стратегија како да се спречи ширењето на вирусот, кој се покажал најсмртоносен во средините каде преовладуваат поделби и дезинформации.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG