Линкови за пристапност

Речиси половина од Американците не би се вакцинирале против ковид-19


Околу 49 отсто од граѓаните, кои одбиваат имунизација, велат дека се загрижени за можните негативни последици од вакцината, открива анкета на ценатрот „Пју“

Речиси половина од Американците се изјасниле дека дефинитивно или најверојатно не би се вакцинирале против ковид-19, ако вакцина би била достапна уште денес, покажува анкета на центарот „Пју“, која била спроведена на почетокот на месецов.

Околу 49 отсто од граѓаните, кои одбиваат имунизација, велат дека се загрижени за можните негативни последици од вакцината.

Довербата на јавноста во безбедноста на вакцината против ковид-19 се промени. Во мај, истражување на центарот „Пју“ покажа дека 72 отсто од Американците кажале оти би се вакцинирале ако постоела вакцина.

Само 21 отсто, пак, во најновата анкета кажале дека дефинитивно би се вакцинирале.

Анкетата, исто така, открива дека 77 отсто од Американците веруваат дека вакцините кои се развиваат во САД веројатно би биле одобрени пред да се завршат тестовите за безбедност и ефективност.

78 отсто од повеќе од 10.000 испитаници се загрижени дека одобрувањето на вакцината ќе се одвива пребрзо, без да се утврдат стандардите за безбедност и ефективност.

Истражувањето покажа дека само 20 отсто од анкетираните сметаат оти одобрувањето на вакцините би се одвивало пребавно.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG