Шпанија стана прва држава во Западна Европа која надмина половина милион заразени со ковид-19, како што вкупниот број на случаи на коронавирус во светот изнесува 27.3 милиони, вклучувајќи 893.000 смртни случаи.
Шпанското министерство за здравство регистрираше 525.549 заразени заклучно со денес, како и 29.516 смртни случаи.
Според Универзитетот Џонс Хопкинс, Франција има вкупен број на заразени од 367.174 и 30.732 смртни случаи, додека Британија има 352.451 заразен, и 41.643 смртни случаи.
Јужна Кореја, пак, дневно регистрира околу стотици заразени од средина на август.
Во меѓувреме, кинескиот претседател Шји Џјинпинг го пофали одговорот на државата во справување со пандемијата, која првпат беше регистрирана минатата година во градот Вухан.
Претседателот рече Кина реагирала брзо да се справи со вирусот на „отворен, транспарентен и одговорен начин“.
САД и други западни држави го обвинија Пекинг за потценување на пандемијата или за прикривање на опасноста од вирусот предолго, дозволувајќи да се рашири надвор од границите на Кина.
Facebook Forum