Линкови за пристапност

Вакцината на АстраЗенека и Универзитетот Оксфорд во крајна фаза на тестирање


Австралија, пак, очекува 3,8 милиони дози вакцина да бидат достапни во јануари или февруари следната година

Индија стана втора држава во светот со најголем број заразени со ковид-19.

Тамошното министерство за здравство соопшти дека заклучно со денес биле регистрирани нови 90.802 заразени, со што вкупниот број на заразени во Индија достигна повеќе од 4,2 милиони од почетокот на пандемијата. Бројот на смртни случаи, пак, изнесува 71.642.

Веднаш зад Индија се наоѓа Бразил со нови 14.521 заразени заклучно со вчера. САД и натаму остануваат први во светот со околу 6,3 милиони заразени и 189.000 смртни случаи.

Во меѓувреме, вакцината на која заеднички работат АстраЗенека и Универзитетот Оксфорд се наоѓа во крајна фаза на тестирање.

Австралискиот премиер Скот Морисон, пак, рече дека Австралија има договор за производство на две вакцини, ако се покажат безбедни и ефективни при тестирањата.

Тој нагласи дека очекува 3,8 милиони дози вакцина да бидат достапни во јануари или февруари следната година.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG