Линкови за пристапност

Речиси една третина од учениците во светот не можат да учат онлајн, соопшти УНИЦЕФ


Агенцијата објави дека околу 463 милиони деца немаат опрема или електронски пристап за да следат настава преку телевизија, радио или интернет

Фондот за деца при Обединетите нации (УНИЦЕФ), вели дека речиси една третина од учениците во светот не можат да посетуваат онлјан настава.

УНИЦЕФ соопшти дека од 1,5 милијарди деца кои биле принудени да не одат во училиште, околу 463 милиони немале опрема или електронски пристап, со цел да продолжат со настава преку телевизија, радио или интернет.

Според извештај на Агенцијата, 49 отсто од децата во Суптропска Африка не се во можност да учат од дома, по што следуваат Западна и Централна Африка со 48 отсто од децата, и Северна Африка и Блискиот Исток со 40 проценти од нив.

Повеќе од 200 милиони деца во Јужна и Источна Азија, и пацифичкиот регион, не можат да го продолжат образованието надвор од училиштата.

„Последиците би можеле да чувствуваат врз економиите и општествата со децении“, изјави УНИЦЕФ.

Вкупниот број на заразени во светот надминува 24 милиони, со повеќе од 824.000 смртни случаи.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG