Линкови за пристапност

Австралија се надева дека граѓаните ќе добијат бесплатна вакцина до почетокот на следната година


Вакцината на Оксфорд е една од најразвиените и најветувачки во светот, изјави премиерот Скот Морисон

Австралиската влада склучи договор за обезбедување 25 милиони дози потенцијална вакцина против ковид-19 од британскиот фармацевтски гигант „АстраЗенека“, која во моментов е во крајна фаза на тестирање.

Новата вакцина беше развиена од Универзитетот Оксфорд.

„Вакцината на Оксфорд е една од најразвиените и најветувачки во светот“, изјави премиерот Скот Морисон, нагласувајќи дека се надева оти вакцината ќе биде бесплатна и достапна за секој граѓанин на Австралија до почетокот на следната година, ако се покаже безбедна и ефективна.

Во САД, пак, Универзитетот на Нотрдам, еден од најпрестижните универзитети во државата, најави дека две недели наставата ќе се одвива онлајн, поради зголемениот број на заразени во кампусот во Саут Бенд, Индијана.

Универзитетот вчера регистрираше 147 заразени лица, откако студентите го почнаа есенскиот семестар на трети август. Оттаму предупредуваат дека би можело студентите да се испратат дома и целосно да се затвори кампусот, ако вирусот продолжи да се шири.

И Универзитетот на Мичиген најави дека ќе нуди онлајн часови за речиси сите студенти кога ќе почне есенскиот семестар на втори септември.

Некои од универзитетските кампуси во државата ги обвинуваат студентите дека се собираат на големи забави, без да носат маски и без да ги почитуваат мерките за социјално дистанцирање.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG