Линкови за пристапност

Стејт департмент ја тргна препораката за Американците да патуваат во странство


Постојат ограничувања за само 30 држави, меѓу кои Индија, Русија, Египет, Либија, Хондурас и Казахстан

Бројот на случаи на ковид-19 во светот продолжува да расте. Според Универзитетот Џонс Хопкинс, досега има над 19,1 милиони заразени.

САД и натаму имаат најмногу случаи, односно речиси 4,4 милиони заразени, по што следуваат Бразил со 2,9 милиони и Индија со два милиона заразени.

Најмалку еден ученик е суспендиран во сојузната држава Џорџија за поставување фотографија на социјалните медиуми, на која се гледа ходник во средно училиште преполн со ученици, од кои повеќето не носат маски.

По објавување на фотографијата, професорот по јавно здравје на Универзитетот на Џорџија Хари Хајмен, за локалните медиуми, изјави оти не е прашање дали тоа ќе предизвика ширење на вирусот, туку колку брзо и колку луѓе ќе бидат заразени.

Школскиот менаџер Брајан Отот вели дека вработените работеле напорно за да создадат безбедни услови за враќање на учениците во школо, нагласувајќи дека повеќето од ходниците биле во една насока, освен тој на фотографијата, каде учениците можат да се движат во две насоки за да се скрати времето меѓу часовите.

Учениците и вработените не се обврзани да носат маски, чија цел е да се спречи ширењето на вирусот.

Доктор Ентони Фаучи, директор на Националниот институт за алергија и заразни болести на САД, рече дека светот никогаш нема да се ослободи од вирусот, но, оти се надева дека стотици милиони дози вакцина би можеле да бидат достапни до крајот на следната година.

Според Универзитетот Џонс Хопкинс, САД регистрирале повеќе од 2.000 смртни слуачи во рок од 24 часа, заклучно со вчера, што претставува највисок број за еден ден од почетокот на мај.

Стејт департментот на САД и Центрите за контрола и превенција на болести, ги тргнаа генералните препораки за Американците да избегнуваат странски летови, воведувајќи нови ограничувања само за поединечни држави.

На тој список се наоѓаат 30 држави, меѓу кои Индија, Русија, Египет, Либија, Хондурас и Казахстан.

Европската Унија се наоѓа во категорија 3, односно место за кое треба да се размисли пред да се патува, иако ЕУ во моментот е затворена за Американците.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG