Линкови за пристапност

Трамп од денес продолжува со дневните брифинзи за коронавирус


Во меѓувреме, повеќе вакцини покажаа позитивни резултати при тестирањата

Научниците забележуваат прогрес во трката да се направи безбедна и ефективна вакцина против КОВИД-19, како што бројот на заразени во светот надмина 14,7 милиони, и речиси 610.000 смртни случаи.

Две различни експериментални вакцини, една развиена во заеднички напор на Универзитетот Оксфорд и британско-шведската фармацевтска компанија „АстраЗенека“, како и другата на кинеската фирма „КанСино Бајолоџикс“, се покажаа дека поттикнуваат силен имунолошки одговор при тестирањата кај луѓето.

И американската компанија „Фајзер“ и нејзиниот германски партнер, вчера, забележаа позитивен напредок при развој на нивната вакцина.

Сепак, најголемо внимание предизвика вакцината на Оксфорд и „АстраЗенека“, кои потпишаа договор со многу влади да ги обезбедат со вакцина, ако се покаже дека таа е ефективна и одобрена. Компанијата веќе се заложи да направи две милијарди дози.

Според Њујорк тајмс, дозите се испратени до повеќе од 10.000 волонтери во Бразил, Британија и Јужна Африка, и до повеќе од 30.000 учесници од САД, кои треба да добијат експериментална вакцина наредната недела.

Од денес, пак, претседателот на САД Доналд Трамп, продолжува со дневните бризфинзи поврзани со справување со вирусот.

Во меѓувреме, лидерите на Европската Унија постигнаа договор за Буџетот од 2,1 трилион долари, и пакет за справување со последиците од пандемијата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG