Линкови за пристапност

Над 700 смртни случаи во САД како резултат на коронавирусот


Шпанија денес регистрираше повеќе смртни слуачи од која било друга држава во светот, освен Италија

САД забележуваат брзо ширење на вирусот изминативе недели, со бројка од околу 55.000 заразени до денес, и повеќе од 700 смртни случaи.

Светската здравствена организација (СЗО), соопшти дека интензитетот на заразени во САД се зголемува, нагласувајќи дека со зголемениот број тестови оваа бројка се очекува да расте.

СЗО рече дека 85 проценти од новите случаи денес се во Европа и во САД, од кои 40 отсто се во САД.

Претседателот на САД Доналд Трамп, изјави дека би сакал животот во државата да се врати во нормала за неколку недели, додека здравствените официјални лица велат дека треба да се продолжи со мерките на социјално дистанцирање, за да се спречи ширењето на вирусот.

Шпанија денес регистрираше повеќе смртни случаи како резултат на коронавирусот од која било друга држава во светот, освен Италија, односно 738 мртви. Вкупниот број изнесува 3.434, што е повеќе од 3.285 смртни слуачи во Кина, но, се` уште зад Италија, која има 6.820 смртни случаи.

Шпанското министерство за здравство соопшти дека бројот на заразени во државата се зголемил за 20 проценти од претходниот ден, додека повеќе од 5.000 луѓе биле излекувани.

Кина генерално има подобрување на ситуација, по воведувањето на строги мерки граѓаните да седат дома, со цел да се спречи ширењето на вирусот.

Кинеските власти денес регистрираа 47 нови случаи на заразени, од кои сите луѓе кои дошле од други држави.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG