Претседателот на САД Доналд Трамп, утре се очекува да има предизборен собир во Тулса, Оклахома.
Менаџерите на арената, каде ќе се одржи настанот, бараат претседателската кампања на Трамп да обезбеди план со здравствени препораки за присутните граѓани, поради ризикот од ширење на вирусот во затворен простор.
Причината за ваквото барање е зголемениот број на случаи на коронавирус во Тулса изминатиов период.
Официјалните претставници од арената соопштија дека ќе го споделат планот со локалните здравствени работници, веднаш што ќе го добијат од претседателската кампања.
Веќе се планира да им се мери температура на сите што ќе дојдат на собирот, а ќе се делат и маски и средства за дезинфекција на раце.
Арената има капацитет да собере 19.000 луѓе, иако претседателската кампања рече дека повеќе од еден милион луѓе биле заинтересирани да присуствуваат на настанот.
САД се први во светот со повеќе од два милиони заразени со КОВИД-19, според податоците на универзитетот Џонс Хопкинс. Веднаш зад нив се Бразил со 978.000 случаи и Русија со повеќе од 568.000 заразени.
Facebook Forum