Здравствените власти се подготвуваат за пикот на коронавирусот, кој според надлежните, треба да се очекува кон крајот на месецот.
Завршена е конструкцијата на мобилната воена болница во кругот на Инфективната клиника, која е прва на линијата на борба со заразата.
Инфективна има капацитет од 250 легла за примем на тешко и средно-тешки случаи на пациенти со коронавирус. Во моментот искористени се само 59. Градската болница 8-ми септември има 400 кревети, а од Министерството за здравство уверуваат дека и двете институции располагаат со доволно стручен кадар за справување со вирусот.
Но, ако има потреба, постојат и дополнителни капацитети во останатите болници во земјата. За да нема оптоварување на капацитетите, министерот Филипче преку социјалните мрежи ги повика граѓаните со лесна форма на болеста и без ризик за компликации да се лекуваат во домашни услови.
Покрај справувањето со заразата, друг огромен проблем е и економијата, која веќе трпи огромни штети.
Министерството за внатрешни работи информира дека во изминатото деноноќие на ниво на цела држава 72 лица не ја почитувале забраната за движење. Полицијата привела 41 граѓанин, а само кај едно лице се утврдило прекршување на самоизолацијата.
Facebook Forum