Британскиот премиер Борис Џонсон, денес пред Парламентот, рече дека Владата нема друг избор освен да ја затвори државата, откако здравствените официјални лица изјавија дека еден на секои 50 лица во Британија се заразил со ковид-19 изминатава недела.
Според податоците, бројот на заразени е повисок во Лондон, каде еден на секои 30 лица се заразил со коронавирус од 27 декември до втори јануари.
Овие бројки не ги вклучуваат лицата во болниците, домовите за грижа на стари лица и други институции.
Џонсон рече дека планот е државата да биде затворена до крајот на март, а на средината на февруари да се направи ревизија на ситуацијата.
Тој рече дека целта на рестриктивните мерки е да се спречи ширењето на вирусот, додека државата ја спроведува програмата за вакцинирање.
Согласно податоците на Универзитетот Џонс Хопкинс, Британија, заклучно со вчера, регистрирала 830 смртни случаи поврзани со ковид-19. Бројот на починати од коронавирус досега изнесува 76.423.
Facebook Forum