Линкови за пристапност

70 отсто од Американците го поддржуваат Бајден како се справува со пандемијата, објави Асошиетед прес


Според анкетата, претседателот има поддршка за справување со вирусот и од 44 отсто од републиканците, додека само 17 проценти од нив ја одобруваат неговата економска политика

Шеесет проценти од Американците ја одобруваат досегашната работа на претседателот Џо Бајден, а уште повеќе го поддржуваат начинот на кој се справува со пандемијата, покажува нова анкета на Асошиетед прес- Центар за истражување на прашања од јавен интерес.

Според истражувањето, 70 отсто од Американците го поддржуваат одговорот кон ковид-19, вклучувајќи и 44 отсто од републиканците.

Сепак, претседателот Бајден се соочува со скептицизам во однос на економијата. Педесет и пет проценти од Американците го одобруваат пристапот на Бајден кон економијата, додека 63 отсто сметаат дека економијата на САД е во лоша состојба.

Републиканците, исто така, помалку го поддржуваат Бајден за економијата за разлика од пандемијата, односно само 17 отсто од нив ја одобруваат фискалната политика.

Помалку од два месеца откако стана претседател, Бајден ја стави пандемијата во центар на неговиот фокус, повикувајќи ги Американците да ги следат препораките за социјално дистанцирање и носење маски, заложувајќи се за забрзана дистрибуција на вакцините против ковид-19.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG