Линкови за пристапност

Не е предоцна вирусот да се стави под контрола, вели СЗО


Директорот Тедрос Гебрејесус ги истакна Франција, Германија, Јужна Кореја, Шпанија, Италија и Британија, како држави кои успеале да ја променат првичната ситуација

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Гебрејесус, изјави дека статистиката за пандемијата на коронавирус открива голема болка и страдање, како што светот се движи кон 20 милиони заразени и 750.000 смртни случаи оваа недела.

Зборувајќи на брифинг во Женева, Тедрос рече дека и покрај ова тешко време за светот, сепак има знаци за надеж во секоја држава дека не е предоцна вирусот да се стави под контрола.

Тој ги истакна Франција, Германија, Јужна Кореја, Шпанија, Италија и Британија, како држави кои имале голем број заразени на почетокот на годинава, но, оти по преземените мерки, успеале да ја намалат бројката.

Индија денес регистрираше повеќе од 1.000 нови смртни случаи, најголем број за еден ден од почетокот на пандемијата.

Нова јавна анкета ја рангира Индија веднаш зад САД, Бразил, Мексико и Британија, со вкупен број смртни случаи од 44.386.

Оваа држава, исто така, регистрираше повисок број на заразени од која било друга држава во светот, шест дена по ред. Денес се регистрирани 62.000 нови заразени.

И Австралија регистрираше ден со најголем број смртни случаи, додека Кина објави 14 нови локални, и 35 случаи на заразени патници кои дошле во државата од странство.

Властите во Париз, пак, воведоа обврска еден месец да се носи маска во популарни јавни места, меѓу кои и оние покрај реката Сена

Учениците во главниот град на Германија денес се враќаат во училиште, додека владините лидери се обидуваат да најдат најдобар начин да се заштитат и учениците и вработените. Учениците и професорите ќе мора да носат маски во ходниците, но, не и во училниците и надвор на игралиштата.

Претседателот на САД Доналд Трамп, пак, бара училиштата да бидат отворени, иако некои сојузни држави велат дека не се подготвени да го направат тоа, планирајќи да продолжат со виртуелна настава.

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутереш, минатата недела предупреди на можна „генерациска катастрофа“ во образованието поради затворените училишта. Тој ги предупреди државите да го направат отворањето на училиштата прв приоритет, штом ќе почне да се намалува бројот на заразени.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG