Линкови за пристапност

Шпанија ќе им оддаде почит на жртвите на КОВИД-19 со државна церемонија на 16-ти јули


Според најновите податоци, бројот на заразени се зголемува во многу држави, додека бројот на мртви во САД, го надмина бројот на жртвите, кои ги имаа во Првата светска војна

САД имаат повеќе од 2,1 милион заразени со коронавирус, и околу 117.000 смртни случаи, објави универзитетот Џонс Хопкинс.

Бројот на мртви, како последица на вирусот, го надмина бројот на жртви кои САД ги имаа во Првата светска војна.

Пекинг, пак, од денес воведе нови рестриктивни мерки за да се обиде да спречи нов бран на заразени, откажувајќи десетици домашни летови.

Бразил дневно забележува зголемен број на заразени лица. Заклучно со вечра, биле регистрирани преку 34.000 нови заразени за период од 24 часа. Државата сега има вкупно повеќе од 900.000 случаи, веднаш зад САД.

Премиерката на Нов Зеланд Џесинда Ардерн, од денес назначи висок воен лидер да го надгледува спроведувањето на карантинот и изолацијата, откако на две лица од Британија, кои отишле да посетат болен роднина, им било дозволено да излезат од карантин, без да бидат тестирани, а кои потоа се покажале позитивни на вирусот.

„Овој случај покажува неприфатлива грешка на системот. Никогаш не требаше да се случи, и не смее да се повтори“, рече Ардерн.

Шпанија, пак, која е шеста држава во светот, според бројот на смртни случаи како последица на вирусот, ќе им оддаде почит на жртвите со државна церемонија на 16-ти јули, на која ќе присуствуваат официјални лица од Европската Унија и Светската здравствена организација (СЗО).

СЗО ги поздрави првичните клинички резултати, кои покажаа дека лекот дексаметазон може да помогне да ги лекува пациентите, кои се со тешка клиничка слика на КОВИД-19.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG