Линкови за пристапност

Дел од државите почнаа со олеснување на рестрикциите


Светската здравствена организација предупреди дека е клучно ваквите мерки да се воведуваат во фази

Неколку држави внимателно почнаа да преземаат чекори за да ги олеснат мерките, кои се воведени со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

Германските власти дозволија некои мали бизниси од денес да почнат да работат, додека се` уште постојат мерките за социјално дистанцирање.

И стотици мали бизниси во Албанија добија дозвола повторно да бидат отворени денес, а со работа ќе можат да продолжат и рибарските бродови и преработувачите на храна.

Шри Ланка го укина полицискиот час во две третини во државата, со најави дека в среда ќе ги олабави наредбите за изолација и во останатите делови на државата.

Учениците во Норвешка денес се вратија во училиште, додека оние во Данска се очекува да се вратат в среда.

Нов Зеланд од денес планира да ги ослободи ограничувањата во наредните две недели, со цел Владата во меѓувреме да ја разгледа ситуацијата, и да одлучи дали ќе дозволи натамошно укинување на рестрикциите.

Официјалните лица на Јужна Кореја, исто така, предупредија на внимателен пристап при укинување на мерките, како што бројот на нови случаи продолжува да се намалува.

Рестораните и пабовите во Британија, пак, ќе останат затворени, и откако државата ќе почне со олеснување на мерките за изолација на седми мај.

Зимбабве најави дека рудниците и фабриките можат да бидат повторно отворени, но, го продолжи карантинот во државата за уште две недели.

Бизнисите и училиштата во поголемиот дел од САД остануваат затворени, што доведе до протести против гувернерите и нивните наредби за седење дома, со цел да се избегнува социјален контакт колку што е можно повеќе.

Претседателот Доналд Трамп, рече дека некои гувернери отишле предалеку со рестрикциите, и оти граѓаните имаат право да протестираат против тоа.

Тој нагласи дека на крајот ваквите мерки и нема да бидат важни, бидејќи сојузните држави ќе почнат да се отвораат.

Некои гувернери, пак, рекоа дека се далеку од повторно отворање.

Светската здравствена организација (СЗО), соопшти дека е охрабрена од олеснувањето на социјалните рестрикции, но, предупреди оти е клучно овие мерки да се воведуваат во фази.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG