Линкови за пристапност

САД предупредуваат до можни 240.000 смртни случаи, Германија на пат да ја надмине Кина


Здравствените лица се надеваат оти бројката нема да биде толку висока, но, оти Американците треба да се подготват за тоа

Шпанија денес објави дека го надминала бројот на 100.000 случаи на коронавирус, веднаш зад САД и Италија според бројот на заразени.

Шпанските власти соопштија дека бројот на смртни случаи досега изнесува над 9.000.

Саудиска Арабија забрани патување во Мека и Медина, велејќи дека граѓаните треба да чекаат да се расчисти ситуацијата.

Официјалните лица на САД предупредија дека Американците треба да бидат подготвени и за можни 100.000 до 240.000 смртни случаи, и потенцираат дека треба да се почитуваат мерките на социјално дистанцирање за да се спречи ширењето на вирусот.

Директорот на Институтот за алергија и заразни болести на САД Ентони Фаучи, вели дека се надева оти бројот на смртни случаи нема да биде толку висок, но, дека реално Американците треба да се подготват за тоа.

Цели држави, градови и региони низ светот, сега се изолирани за да се спречи ширењето на вирусот.

Виетнам е една од најновите која воведе забрана за излегување од дома во наредните две недели, почнувајќи од денес.

Јужна Кореја денес регистрираше 101 нов случај, воведувајќи 14 дневен карантин за секој што влегува во државата.

Здравствените лица во Германија соопштија дека има околу 5.500 нови случаи, со што државата е на пат за кусо време да ја надмине Кина.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG