Линкови за пристапност

Над 10.000 смртни случаи во светот како резултат на коронавирусот


Италија денес има нови 427 смртни случаи

Вкупниот број на мртви во светот како последица на коронавирусот е над 10.000, додека досега има повеќе од 244.500 заразени.

Денес се регистрирани повеќе од 10.200 нови случаи во Европа која, според Светската здравствена организација, стана епицентар на епидемијата.

Гувернерот на Калифорнија Гавин Њусом, нареди сите 40 милиони жители да седат дома, како дел од борбата да се спречи ширење на заразата.

Претходно, Лос Анџелес нареди да се затворат сите трговски центри, паркови и несуштински продавници.

Њусом побара и Конгресот да издвои една милијарда долари, за да се покријат медицинските трошоци поврзани со КОВИД-19.

Во меѓувреме, Италија ја надмина Кина според бројот на смртни слуачи, односно 3.405 регистрирани до вчера. Денес има нови 427 смртни случаи.

Шпанија денес објави 235 нови смртни случаи, станувајќи втора европска држава по Италија, со најголем број мртви.

Изминативе два дена, пак, кинескиот град Вухан нема нови случаи на заболени.

Јужна Кореја вчера објави 152 нови случаи, а Германија 2.800. Шпанија ги затвори сите хотели, додека Канскиот филмски фестивал во Франција е одложен до јули.

Принцот Алберт од Монако е прв лидер на држава кај кого е потврдена заразата со коронавирус.

Нов Зеланд и Австралија, пак, ги затвораат нивните крајбрежја за сите странски посетители.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG