Линкови за пристапност

Од денес забрана за влез во ЕУ на странски државјани


Италија, Шпанија и Франција во моментот се наоѓаат под сериозни забрани за движење

Малезија од денес воведе нови рестрикции за движење, а стапи во сила и забраната на Европската Унија за влез на странски државјани, додека истовремено владите се обидуваат да го стават под контрола ширењето на коронавирусот.

Малезија има повеќе од 500 потврдени случаи, и ќе биде под делумен карантин во наредните две недели.

Официјалните лица на Саудиска Арабија, пак, денес побараа од приватниот сектор да им наложи на сите вработени да работат од дома, доколку тоа е возможно, а додека оние што мора физички да присуствуваат на работното место, да ги почитуваат препораките за држење доволно растојание едни од други.

Премиерот на Австралија Скот Морисон, прогласи вонредна ситуација, отворајќи пат Владата да може да воведе рестрикции и карантин.

И други држави веќе ги преземаат истите мерки за регулирање на јавниот живот во оваа ситуација.

Италија, Шпанија и Франција во моментот се наоѓаат под сериозни забрани за движење, справувајќи се со голем број случаи на заразени со коронавирус.

Бразил, каде има повеќе од 300 случаи, најави забрани за големи собири во координација со здравствените власти. Вчера оваа држава го регистрираше првиот смртен случај како последица на КОВИД-19.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG