Линкови за пристапност

Американците нема да ги плаќаат тестовите за коронавирус


Компаниите за здравствено осигурување ќе покриваат и домашни посети од страна на лекарите, за да не мора пациентите да излегуваат од дома

Компаниите за здравствено осигурување во САД ќе ги покриваат трошоците за тест за коронавирус, најави потпретседателот Мајк Пенс, по денешниот состанок во Белата куќа со извршните директори на компаниите.

„Сите компании за здравствено осигурување денес и претходно се согласија да се откажат од наплатата на трошоците за тестирање на коронавирусот, како и да го зголемат осигурувањето за третман во сите здравствени планови“, рече Пенс.

Тој, исто така, рече дека осигурувањето ќе покрива и домашни посети од страна на лекарите, за да не мора пациентите да излегуваат од дома.

Лидерот на мнозинството во Сенатот Чак Шумер, рече дека најголем приоритет на САД би требало да биде побрзо опремување на капацитетите за тестирање.

САД, во кои има околу 600 зарзени и 26 мртви, забранети се масовни собири, додека големите универзитети, меѓу кои Хардвард, Стенфорд, Универзитетите на Вашингтон и на Охајо, одржуваат настава онлајн.

Секретарот за одбрана Марк Еспер, пак, го откажа планираното патување во Индија, Узбекистан и во Пакистан.

Четири членови на Конгресот сами се изолираа, откако на неодамнешна политичка конференција имале контакт со лице кое било тестирано позитивно на вирусот.

Претседателот на САД Доналд Трамп, кој зборувал со лица кои биле во контакт со заразеното лице на истата конференција, не се тестирал за коронавирус.

Италија е најпогодена држава од вирусот по Кина, со нови 168 починати и 977 заразени, со тоа што вкупниот број на починати достигна 631 и над 10.000 зарзени

Италија денес воведе рестрикции за патување во целата држава, која се наоѓа во целосен карантин.

Истовремено, Кина забележува продолжен тренд на опаѓање на бројот на нови слуачи на заразени, за разлика од другите држави каде се шири многу побрзо. Околу 70 проценти од заразените веќе се излечени.

Официјалните лица во Иран изјавија дека од вирусот денес починале уште 54 лица, со што вкупниот број на мртви во Исламската Република достигна 291.

И Германија регистрираше први два смртни случаи поради вирусот.

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека заканата од пандемија станува многу реална, нагласувајќи дека сепак тоа би било прва пандемија во историјата што би можела да се контролира.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG