Линкови за пристапност

Се намалува бројот на нови заразени од коронавирус во Кина


Сепак, во Јужна Кореја бројот се зголемува, односно се искачи над 2.000, од кои 256 нови случи и 13 мртви

Бројот на нови случаи заразени од коронавирус во Кина опаѓа, но, се зголемува во Јужна Кореја, која е најмногу погодена од вирусот веднаш по Кина.

Кинеската национална комисија за здравство денес објави 327 нови заразени случаи, и 44 смртни слуачи, што е најниска бројка на нови слуачи изминатиов месец.

Во Јужна Кореја, пак, бројот се искачи над 2.000, од кои 256 нови случи и 13 мртви.

Во меѓувреме, во САД е регистриран првиот случај за кој, според здравствените работници, не се знае потеклото, односно зарзаената во Калифорнија не патувала надвор од САД, ниту пак имала контакт со заразено лице.

До денес, има регистрирано повеќе од 83.000 случаи на коронавирус во цел свет, и повеќе од 2.800 смртни слуачи. Најголем дел од нив се во Кина.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG