Линкови за пристапност

Вакцините од Србија ќе бидат доволни за сите здравствени работници во ковид-центрите, рече Филипче


Стигна втората пратка вакцини од Србија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:33 0:00

Српскиот министер за здравство Златибор Лончар денес ги донесе преостанатите 3.510 дози вакцини од „Фајзер“, како дел од договорот меѓу Вучиќ и Заев

Министерско примопредавање на вакцините против ковид-19. Златибор Лончар ги донесе, Венко Филипче ги презеде преостанатите фајзерови вакцини, што Србија ѝ ги отстапи на Северна Македонија.

„Она што денеска го правиме е спроведување на договорот меѓу претседателот Вучиќ и премиерот Заев. Како што знаете, еден дел стигна, денеска го исполнуваме она што го ветивме, а тоа е да испорачаме преостанатите 3.510 дози за граѓаните на Северна Македонија, со што вкупно се пратени 8.190. Многу ми е мило што бевме во можност да им помогнеме на нашите соседи, на нашите пријатели“, рече српскиот министер за здравство Лончар.

Овие дози ќе се искористат за имунизација на медицинскиот персонал што работи во ковид-центрите, процес што започна со првата доза вакцини од Србија.

„Благодарение на овие вакцини од `Фајзер` почнавме со процесот на имунизација на здравствените работници. Процесот се одвива одлично. Досега се вакцинирани околу 1.300 здравствени работници, со динамика меѓу 250 и 300 медицински лица на ден. Оваа количина ќе биде доволна за вакцинирање на сите здравствени работници кои работат со пациенти заболени од ковид-19“, рече Филипче.

Покрај овие 8.000 дози од Србија, земјава очекува вакцини преку 4 механизми. Првиот е кинески “Синофарм”. Надлежните се во комуникација со компанијата и наскоро се очекува точниот датум на пристигање на овие 200.000 дози. Вториот механизам е американскиот фармацевтски гигант “Фајзер”, со кој се` уште траат преговорите и се утврдуваат деталите од договорот.

Третиот извор е руската вакцина „Спутник“. Се најавува утврдување на договорот за набавка на 100.000 дози од оваа вакцина.

Последниот извор е т.н. Ковакс-механизам, преку кој треба да се добијат вакцини на „АстраЗенека“, најавени за почетокот на март.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG