Лекарот по општа медицина Генц Селмани, за Гласот на Америка, вели дека менаџирањето на пандемијата на ковид-19 во Северна Македонија, се наоѓа во тежок период кој, вели тој, е близу до колапс.
Тој вели дека хронично болните, како што се пациентите со кардиоваскуларни заболувања, се едни од најизложените на оваа болест, и многу лесно можат да појават одредени компликации.
„30 проценти од тестираните веќе неколку дена излегуваат позитивни.Тоа е еден факт, а другиот факт што ја прави претешка оваа ситуација, се потребите за третирање во болнички услови на пациентите кај кои се влошува ситуацијата, и кај кои се појавуваат компликации, а болничките места се преоптоварени. Сметам дека и многу од моите колеги ќе се сложат со мене, дека импровизираните ковид центри, кои се пренаменуваат во тоа, требаше да се подготват малку порано. Имам порака и до надлежните, што поскоро на Комисијата за заразни заболувања да ѝ го отстранат политичкиот дрес, и да ѝ се стави дресот на професионализам, хуманост и човечност“, изјави Селмани.
Селмани апелира до сите граѓани да ги почитуваат мерките, да одржуваат постојана хигиена, редовно да носат маски, особено во затворени простории, како и да држат растојание од два метра.
Хронично болните, додава тој, треба редовно да ја примаат потребната терапија.
Facebook Forum