Линкови за пристапност

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да покажат одговорност и итно да гласаaт за мерките за заштита од вирусот, апелира власта


Филипче ја отфрли идејата на ВМРО-ДПМНЕ за специјална комисија за справување со пандемијата
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:21 0:00

Опозицијата ги критикува предлозите на Владата, и предложи формирање специјална државна комисија за борба против заразата

Добива ли коронакризата и политичко-партиска димензија, додека јавноста секој ден го очекува најновиот биланс на новозаразени и починати. Власта и опозицијата не успеваат да постигнат консензус за елементарни прашања поврзани со справувањето со коронавирусот.

Последна во низата теми за кои се надмудруваат мнозинството од една, и ВМРО-ДПМНЕ од друга страна, е потребата од изгласување на измените на Законот за заштита од заразни болести со кои ќе се овозможи примена на построги мерки, како носење маски и во отворен простор и ограничување на групирања во домовите на граѓаните.

Откако вчера на нејзино барање се одложи расправата за овие законски измени, опозицијата денеска, критикувајќи ги предлозите на Владата како технички, а не суштински, излезе со свој предлог–закон за формирање специјална државна комисија за борба против заразата.

„Од она што можеме да го видиме од дадениот предлог - закон гледаме дека овој закон нема конкретни мерки за борба против пандемијата. Затоа сметаме дека овој закон е повеќе техничка измена и дополнување, наместо да биде закон во кој што би имало суштински мерки за борба и справување против пандемијата. ВМРО-ДПМНЕ предлага специјална државна комисија за борба против пандемијата, чиишто мерки би биле задолжителни“, вели Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Оваа идеја за државна комисија за справување со пандемијата вчера му ја пренеле и на министерот за здравство Венко Филипче, кој ја отфрлил. Филипче и владејачката СДСМ очекуваат опозициските пратеници да гласаат за веќе предложените законски измени кои, според проценките на здравствените експерти, ќе помогнат во намалување на ширењето на вирусот.

„По барање на опозицијата точката за Измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести, по скратена постапка во Собранието беше одложена. Време за одложување нема. Предлог-измените треба да се усвојат во најкус можен рок, бидејќи состојбата со вирусот е сериозна. Пратениците треба да покажат одговорност и што поскоро едногласно да се изгласаат двата пакета на мерки со кои се штити здравјето на граѓаните“, рече Богданка Кузеска од СДСМ.

Владата синоќа го усвои пакетот-помеки рестриктивни мерки, со кои се ограничува работното време на сите угостителски објекти до 23 часот, капацитетот на патници во јавниот превоз, државната и јавната администрација, кои треба да да работат во смени или онлајн.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG