Индија забележала рекордни близу 100.000 нови случаи на Ковид-19 за еден ден. Јужноазиската нација во петок соопшти дека имало 96.551 нови случаи во изминатиот период од 24 часа.
Индија има вкупно 4,5 милиони случаи на Ковид.
Со речиси 6,4 милиони инфекции, САД се единствената држава што има повеќе иннфекции со Ковид од Индија.
Во САД случаите на Ковид-19 „брзо се зголемуваат меѓу младите луѓе", според истражувачко писмо од Харвард, објавено на интернет страницата на медицинскиот журнал ЈАМА.
Студијата вклучила 3.222 млади луѓе на возраст меѓу 18 и 34 години.
Истрагата нашла дека младите луѓе „искусиле значителна стапка на несакани резултати: на 21% им била потребна интензивна нега, на 10% била применета механичка помош на дишење, и 2,7% умреле.”
Пациентите со морбидна дебелина, хипертензија и дијабетес биле „во поголем ризик од тешки ефекти“. Млади возрасни луѓе со повеќе од еден здравствен проблем, научниците нашле дека „биле соочени со ризик компаративен на тој што е забележан кај средовечните возрасти без нив“. Црните и пациентите со јужноамериканско потекло сочинувале повеќе од половина од пациентите на кои им требало хоспитализација.
Друг извештај, од Центрите за контрола на болести и превенција, вели дека истрагата на симптоматски пациенти кои не завршиле во болница, од 11 американски здравствени установи, открила дека луѓе кои се тестирани позитивни за Ковид-19 два пати повеќе пријавиле дека јаделе во ресторан отколку тие што покажале негативен резултат.
Универзитетот Џонс Хопкинс известува дека има над 28 милиони случаи на Ковид-19 во светот со повеќе од 90.000 умрени.