Линкови за пристапност

Трамп ја откажува Конвенцијата на Републиканската партија во Флорида поради коронавирусот


Наведувајќа ја како причина загриженоста во врска со безбедноста, американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе ја откаже конвенцијата на Републиканската партија следниот месец во Џексонвил, Флорида - едно од американските жаришта на коронавирусот.

Поради порастот на пандемијата во Флорида „не е вистинско време“ да се одржи голема конвенција, им рече Трамп на новинарите во салата за брифинг во Белата куќа во четвртокот.

„Морам да го заштитам американскиот народ. Тоа е она што секогаш го правев. Тоа е она што секогаш ќе го правам“.

Околу 330 делегати сепак ќе се состанат во Шарлот, Северна Каролина, по повод официјалното номинирање на Трамп за кандидат на Републиканците за претседател.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG