Европската Унија изјави дека би можела да почне со вакцинација на граѓаните против ковид-19 до крајот на месецот, ако здравствените официјални лица дадат дозвола за итна употреба на двете вакцини на „Фајзер“ и „Модерна“.
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, изјави дека земјите-членки на ЕУ работат на логистика за дистрибуција на милиони дози вакцина против ковид-19, и доколку се` се одвива добро, рече дека првите европски граѓани би биле вакцинирани до крајот на декември.
Нејзината изјава уследи откако американската фармацевтска компанија „Фајзер“ и нејзиниот германски партнер „БиоНТек“ најавија дека аплицирале за условно одобрување на нивната вакцина во Европската агенција за лекови.
И американската компанија „Модерна“ изјави дека бара одобрување за итна употреба на нејзината вакцина против ковид-19.
Facebook Forum