Линкови за пристапност

Ковид-19 надмина 20 милиони случаи глобално


Има повеќе од 20 милиони случаи на заразени со Ковод-19 во светот и повеќе од 759.000 смртни случаи, што покажува дека глобалната заедница брзо ќе стигне до цифрата еден милион умрени од вирусот.

Глич во системот за известување на Калифорнија за Ковид-19, направил да бидат пријавени до 300.000 помалку случаи, велат претставници на државата.

Според дата на податоци на Њујорк Тајмс од петок, Калифорнија е првата американска држава што надминала 600.000 случаи на Ковид-19, со близу 11.000 умрени.

Во четвртокот, Калифорнија извести за 7.911 новоинфицирани и 187 смртни случаи.

Главниот експерт на САД за инфективни болести кажа дека се надевал оти државата ќе била во подобра позиција до сега во однос на коронавирусот.

„Не сме таму каде се надевав дека ќе бидеме, ние сме среде многу сериозна историска пандемија“, рече вчера д-р Антони Фаучи на панел дискусија во Национална географија.

Иако претседателот Трамп неделава кажа дека очекува болеста да „се стави под контрола ...за многу кусо време“, Фаучи рече дека бројот на случаи ќе продолжи да расте доколку федералните власти и владите на сојузните држави не работат заедно.

Директорот на Светската здравствена организација Тедос Адханом Гебрејесус кажа дека владите мора „да направат се“ - да тестираат, изолираат и третираат пациенти, и да следат и ставаат во карантин луѓе со кои заболени имале контакт.

Други експерти предупредуваат дека доколку светските лидери не преземат повеќе акции за ставање под контрола на болеста, коронавирусот ќе биде исто или посмртоносен од пандемијата на грип од 1918, за која се верува дека убила 50 милиони луѓе во светот.

Нова студија во Журналот на Американската медицинска асоцијација вели дека за градот Њујорк, и покрај тоа што лекарите користеле лекови и информации што не постоеле пред 100 години, зголемувањето на бројот на случаите на Ковид-19 за време на првите два месеци на пандемијата бил „значително поголем“ отколку врвот на епидемијата во 1918.

XS
SM
MD
LG