Линкови за пристапност

Пандемијата ги кочи бизнисите: македонски бизнисмен во САД раскажува за последиците во градежништвото


Зоран Ивановски, македонски исселеник во САД, кој работи во секторот на градежништвото во Њу Џерси, веќе извесно време, поради патните ограничувања воведени заради пандемијата, се соочува со проблемот како да се врати од Македонија во САД.

За Гласот на Америка на македонски тој раскажува како актуелната криза се одразува врз активностите во градежништвото.

„Патувањето во Македонија беше предвидено да трае пократко, но се издолжи. Имено, патувањето беше испланирано после завршувањето на градежните работи на еден објект во Њу Џерси, САД. Во моментот за жал комплетно е блокиран бизнисот и комплетно се прекинати сите можни планови за тоа кога и како би се продолжило. Се надеваме дека федералната држава и сојузните држави Њу Џерси и Њујорк што е можно побрзо ќе ја пребродат пандемијата. Но, во меѓувреме главно прашање е како ќе ја рестартираме економијата или како ќе ги вратиме нашите мали компании на нозе, бидејќи времето тече, а давачките односно обврските се се поголеми“, вели тој.

Во интервју за Гласот на Америка на македонски тој раскажува дека поради карантинските мерки низ цел свет тешко е самостојно да се испланираат патувања во овој период.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG