Линкови за пристапност

Советник на британскиот премиер Џонсон ги прекршил мерките воведени поради пандемијата


Британската полиција утврди дека високиот советник на премиерот Борис Џонсон, Доминик Камингс, можеби ги прекршил ограничувањата воведени поради пандемијата на коронавирусот, но тој нема да се соочи со обвинение.

40 пратеници го повикале Камингс да си даде оставка.


Камингс (48), наводно, ги прекршил правилата за здравје и безбедност кога возел 400 километри од Лондон до имотот на неговите родители во северна Англија со сопругата и детето, откако се разболел и манифестирал симптоми на КОВИД-19, болест предизвикана од вирусот.

По пристигнувањето, тој возел дополнителни 26 милји до друга локација.

Полицијата во Дурам заклучи дека и покрај тоа што со првото патување Камингс не ги прекршил прописите, за патувањето од 26 милји до замокот Барнард „била потребна полициска интервенција“, пренесува Ројтерс.

Бидејќи Кaмингс одржувал социјално дистанцирање, полицијата го смета инцидентот за „мал“.

Камингс досега одби да се извини, велејќи дека дејствувал во рамките на законот.

И покрај јавната поддршка за Џонсон, Би-Би-Си објави дека 40 пратеници го повикале Камингс да си даде оставка.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG