Линкови за пристапност

Бразилските здравствени работници бараат истрага против претседателот Болсонаро


Здравствените сндикати го обвинуваат Болсонаро за небрежност во справувањето со пандемијата

Бразилските здравствени работници бараат од Меѓународниот кривичен суд да спроведе истрага за одговорот на пандемијата од страна на бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, за што велат дека претставува злосторство против човештвото.

Жалбата, во која се содржани изјави за докази од синдикати кои се претставници на повеќе од еден милион здравствени работници, е поднесена до судот со седиште во Хаг.

Синдикатите ја обвинуваат администрацијата на Болсонаро за „кривична небрежност во управувањето со пандемијата, ставајќи ги во опасност животите на здравствените работници и воопшто на населението“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG