Линкови за пристапност

Британскиот премиер Борис Џонсон позитивен на коронавирус


Британскиот премиер Борис Џонсон е позитивен на тест за КОВИД-19, се вели во соопштението на Даунинг стрит. Во видео објава на својот профил на Твитер, денеска Џонсон рече дека има „температура и постојана кашлица“ кои ги опиша како „благи симптоми“ на вирусот.

Тој соопшти дека „работи од дома“ во „самоизолација“, за што рече дека е „вистинскиот исправен потег“ кој можел да го направи.

„Не се сомневајте дека можам да продолжам да работам“, рече тој, „благодарение на волшебството на модерната технологија ... и да ја водам националната борба против коронавирусот“.

Тој им се заблагодари на националните здравствени служби и 600.000 волонтери вклучени во британските напори да се „заштитат луѓето од последиците на коронавирусот“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG