Линкови за пристапност

Бајден ќе ги сподели резултатите од разузнавачките агенции за потеклото на коронавирусот


Американски официјални лица со месеци нагласуваа дека недостатокот на соработка од кинеската влада ги спречува напорите однадвор да дознаат повеќе за потеклото на коронавирусот

САД ќе ги споделат резултатите за новото истражување од страна на врвни разузнавачки агенции за потеклото на пандемијата, од која настрадаа милиони луѓе низ целиот свет.

Пред денешната посета на Кливленд, Охајо, американскиот претседател Џо Бајден им изјави на новинарите дека ќе ги објави наодите од извештајот.

Бајден нареди нов преглед, поради зголемените шпекулации дека ковид 19 може да протекол од кинеска лабораторија, а Белата куќа вети дека ќе овозможи да се обезбедат дополнителни ресурси, вклучително и од националните лаборатории во земјата.

Врвните американски разузнавачки агенции минатата година рекоа дека нивните информации го поддржуваат „широкиот научен консензус дека вирусот не е создаден од човекот или генетски модифициран“, но дека „ќе продолжат ригорозно да ги испитуваат појавените и разузнавачки информации“ за да утврдат дали вирусот беше пренесен на луѓето од животни или како резултат на лабораториска грешка.

Американски официјални лица со месеци нагласуваа дека недостатокот на соработка од кинеската влада ги спречува напорите однадвор да дознаат повеќе за потеклото на коронавирусот кој уби најмалку 3,4 милиони луѓе ширум светот, вклучувајќи скоро 600 илјади во САД.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG