Во Австралија, официјални лица во државата Викторија започнаа истрага за катастрофалната владина програма за хотелските карантини.
Безбедносните пропусти се поврзуваат за повторното појавување на нови инфекции во Мелбурн во последните неколку недели.
Се истражуваат наводи за безбедносни пропусти во хотелите што се користат за ставање во карантин на посетителите и Австралијците кои се враќаат дома од странство. Исто така ќе се истражуваат и наводите дека пропустите на програмата се состојат и во тоа што бил вклучен недоволно обучен персонал, имало злоупотреби на личната заштитна опрема, а на семејства во карантин им се дозволувало да ги напуштат хотелите, па дури има и тврдења дека чуварите спиеле со гостите.
Безбедносните пропусти се поврзуваат со повторното појавување на нови инфекции во Мелбурн во последните неколку недели.
И министерот за здравство на Нов Зеланд, Дејвид Кларк, поднесе оставка во четвртокот, откако беше под притисок на критиките поради прекршување на строгите ограничувања наметнати на почетокот на пандемијата во март.
Кларк прво поднесе оставката до премиерката во април, откако беше забележан како со велосипед посетува плажа со семејството, но таа ја отфрли оставката, наведувајќи ја неговата улога во успешниот одговор на владата во однос на пандемијата.
Премиерката ги укина скоро сите ограничувања во јуни, откако изјави дека вирусот е искоренет, за што доби и меѓународни пофалби. Но, напорите на владата доживеаа неуспех откако патници кои заминаа во карантин, откако влегоа во државата, позитивно беа тестирани на Ковид-19.
Facebook Forum