Линкови за пристапност

Австралија влезе во рецесија


Австралија влезе во својата прва рецесија по скоро две децении поради пандемијата на КОВИД-19.

Ова е прва рецесија за Австралија од 1991 година.


Податоците објавени во средата од страна на Австралиското биро за статистика покажуваат дека економијата на земјата се намалила за цели 7% во вториот квартал во периодот од април до јуни, што следи по благ пад од 0,3% во претходните три месеци.

Бројките во второто тримесечје го забележаа најголемиот пад откако евиденцијата започнала да се води во 1959 година и се далеку полоши од прогнозата за пад од 5,9%.

Ова е прва рецесија за Австралија од 1991 година. Економијата веќе беше под притисок поради огромните пожари на почетокот на оваа година, кои уништија повеќе од 3.000 домови и милиони хектари земја.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG