Линкови за пристапност

Австралија ги намалува мерките за социјално дистанцирање, бројот на заразени се намалува


Федералната влада најави дека одлуката за националните ограничувања поради KОВИД-19, вклучително и за спортски и рекреативни настани за деца, ќе ја соопшти во петок, на 8 мај

Ограничувањата поради КОВИД-19 варираат низ Австралија. Најзначајно олеснување на мерките има во северната територија. Таму нема нови случаи на коронавирус веќе три седмици.

За жителите повеќе нема да важи забраната за собирање на отворено за повеќе од 10 лица. Риболовот и кампувањето сега се дозволени, и нема ограничување за присутни на свадби или погреби. Детските игралишта исто така ќе бидат отворени.

Правилата се релаксираат и во државата Квинсленд. Жителите таму ќе можат да патуваат до 50 километри од своите домови за излети, возење чамци или мотоцикли со членови на нивното домаќинство или со само едно лице надвор од домаќинството.

Дозволен ќе биде шопинг на несуштински производи, но физичко дистанцирање останува во сила.

Нов Јужен Велс, најнаселената држава во земјата имаше најголем број случаи на КОВИД-19, во споредба со сите други под австралиска јурисдикција.

Повеќето регулативи за заштита од коронавирусот во Викторија се очекува да останат на сила сè додека не се укине вонредната состојба на 11 мај.

Жителите на Тасманија исто така ќе почекаат на олеснување на мерките.

Регионот во кој влегува и престолнината Канбера, прв во државата се прогласи за чист од коронавирусот.

Федералната влада најави дека одлуката за националните ограничувања поради KОВИД-19, вклучително и за спортски и рекреативни настани за деца, ќе ја соопшти во петок, на 8 мај.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG